Поранешниот на Беквалац осуден на осум месеци условна казна

Високиот суд во Белград ја потврди првостепената пресуда со која во април партнерот на српската пејачка Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ, беше осуден на условна казна од осум месеци затвор.

Пресудата против Лазукиќ беше донесена поради физичкиот напад врз Беквалац во април 2018 година. Со оваа одлука судот ги отфрли сите жалби и пресудата стана правосилна.

Условната пресуда значи дека Лазукиќ, ако во рок од три години изврши ново кривично дело, или ја прекрши мерката забрана за приоѓање на сопругата, ќе се активира извршување на затворската казна, велат од судот.

Лазукиќ е осуден за кривично дело семејно насилство, за кое е предвидена затворска казна од три месеци до три години затвор. Обвинителството истакна дека српскиот бизнисмен и нанел тешки телесни повреди на Беквалац во ноќта меѓу 12. и 13 април 2018 година.

Лука Лазукиќ и Наташа Беквалац ја имаат ќерката Катја, која во февруари оваа година наполни година дена.

 

 

Текстот Потврдена пресудата против Лазукиќ за претепувањето на Беквалац е превземен од Reporter.mk.