Поранешниот партнер на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал планира да напише автобиографија. Негов близок пријател открива дека Сандал во книгата пејачката ќе ја опише како најважната жена во неговиот живот.
„Интересно ми е тоа што Мустафа решил да напише книга за него. Тој тоа и го заслужува затоа што има многу долги години кариера и многу интересен и занимлив живот. Мене ми е драго, иако не сум прочитала за што се работи. Можеби во неа ќе има и некоја критика, кој знае? Ќе видиме за што се работи“, изјавила Емина.
Пејачката објаснила дека очекува да прочита и нешто убаво за себе и дека со нетрпение очекува да излезе книгата.
Текстот Поранешниот на Емина пишува автобиографија е превземен од Reporter.mk.