Иван Маринковиќ, поранешниот маж на Гоца Тржан вчера стана татко вторпат. Миљана Кулиќ, која ја запозна во реалното шоу „Парови“, и која остана трудна за време на шоуто, се породи вчера во Ниш. Таа на момчето му го даде името Жељко и за српските медиуми изјави дека секој Жељко што го познава е успешен човек.
Миљана и Иван не разговараа неколку месеци. Раскинаа уште додека траеше шоуто, а преку медиумите се навредуваа и караа. Миљана од „Парови“ продолжи во реалното шоу „Задруга“ и таму остана до самото финале. Додека траеше шоуто изјавуваше дека нема да му дозволи на Иван да го види бебето. Сепак, тој вчера објави слика и се пофали дека го запознал својот син.
Иван од бракот со Тржан ја има ќерката Лена. Заради проблемите што Гоца ги имаше по разводот со него, таа изјави дека бебето на Иван нема да биде брат на нејзината ќерка Лена, и дека таа нема да дозволи да се запознаат.
Текстот Поранешниот на Гоца Тржан стана татко е превземен од Reporter.mk.