Американскиот рапер Сафари Самуелс ја обвини неговата девојка, Ники Минаж дека во повеќе наврати се обидела да го убие. Самуелс на социјалните мрежи објави подолг пост за нивната врска која ја опиша како токсична, пишува Female First.
„Сети се на ноќта кога ме пресече со нож. Можев да умрам. Итната помош ме однесе на носилки, а јас морав да ги лажам службите дека самиот сакав да си го одземам животот, само за ти да не лежиш во затвор. Кога таквите работи почнаа да се повторуваат, време беше да кажам збогум“, изјави Самуелс, кој со раперката беше во врска речиси 15 години.
„Се знаеме со години. И самата добро знаеш дека не сум ја користел картичката за проститутки. И двајата не си верувавме. Ти правеше некои работи кои не чинеа. Исто и јас. На крајот остана да се спакувам и да си заминам“, изјавил Самуелс.
Раперот за Минаж вели дека не ѝ посакува зло, но дека нема намера да се смири со неа. Објасни дека засекогаш ќе остане дел од неговиот живот. Ники по јавната објава на Самуелс и самата се огласи по повод нападите.
„Во повеќе наврати ми ја украде картичката. Се правдаше дека не си знаел за каква картичка станува збор. Си мислел дека тоа е сметка со „бесплатни пари“, за која јас не сум била запозната. Бог ќе те казни зошто лажеш. Престани да лажеш дека самиот си заминал. Исус ми е сведок. Дојде во мојот дом ѝ ме молеше да те примам назад“, напишала Минаж.
„Жал ми е што ти ја платив трансплатацијата за косата која ја изгуби. Дури и трансплантираната коса ти падна затоа што Господ не ги сака грдите луѓе. Се задоволуваше под душ додека те чекав во кревет. И јас имам пораки во кои ме молиш да ги ги платам сметките за струја ѝ во кои признаваш дека ме лажеше“, му возврати во јавната преписка Ники.
Текстот Поранешниот на Ники Минаж тврди дека пробала да го убие е превземен од Reporter.mk.