Поранешниот сопруг на Памела Андерсон, Џон Питерс, ќe се жени пак. Светските медиуми пишуваат за веридбата на продуцентот, со новата девојка Џулија Бернхеим.
Џон се разведе од Памела пред две недели. Двајцата беа во брак само пет дена. Медиумите претходно пишуваа дека никогаш не добиле дозвола за брак. Се венчаа на 20 јануари, а по пет дена, Џон ѝ испратил порака на Памела дека бракот е нешто што го плаши.
Подоцна медиумите открија дека причината поради која се разведоа е тоа што Џон не сакал да ги отплаќа нејзините долгови. Памела ги негирала ваквите наводи.
Текстот Поранешниот сопруг на Памела, две недели по нивниот развод пак се жени е превземен од Reporter.mk.