Хоаким Феникс е глумецот кој со новиот филм „Џокер“ го сврте вниманието на светските медиуми. Тој во киносалите предизвика различни чувства кај гледачите, од солзи до смеа, ама и громогласен аплауз.
Поради неговата нова улога, светските медиуми сега пишуваат за неговиот живот што го обележале семејни трагедии, живот во секта, трауми и злоупотреби.
Феникс во минатото бил дел од контроверзен христијански култ „Децата на богот“. Станува збор за култ кој со сексуални обреди ја покажувал љубовта кон Господ. Со неговите родители, браќа и сестри постојано патувале низ Централна и Јужна Америка.
„Мислам дека моите родители пронајдоа заедница која ги делеше нивните идеали. Но, откако сфатија дека во неа постои нешто повеќе, веднаш излегоа од истата“, изјавил Хоаким во едно од своите интервјуа.
Феникс и неговата сестра Рејн во 1993 година биле сведоци на смртта на нивниот брат Ривер. Додека се забавувале во клуб на Џони Деп во Лос Анџелс, Ривер починал од предозирање. Финикс веднаш го пријавил случајот во полиција. Ривер исто како и брат му важел за талентиран актер.
Во 2008 година Хоаким објавил дека заминува во пензија и дека повеќе нема намера да се занимава со глума. Негова желба била да стане рапер. Подоцна во неговиот живот следеле низа инциденти. Во Мајами имал катастрофален настап, во кој на крајот од настапот паднал од сцена. Подоцна следело ужасното интервју со Дејвид Летерман. Хоаким се појавил испотен, со чудна и запустена брада, а во текот на интервјуто зборувал неповрзано.
Две години подоцна се појави во документарниот филм I’m Still Here, во режија на неговиот зет Кејси Афлек, каде зборува за пресвртот во неговата актерска кариера. Филмот го прикажува како зема кокаин, непрекинато пуши, има психички проблеми, добар дел од своето време го минува во друштво на проститутки, а учествува и во сексуален напад.
Неколку недели по прикажувањето на филмот во киносалите е објавено дека документарниот филм бил мокументарец (псеудодокументарна комедија). Секој детаљ бил добро разработена тактика штоимала за цел да ги искритикува медиумите и нивната потреба детално да се занимаваат со скандалите на славните лица.
Ако го сретнете Хоаким, нема да добиете селфи, ќе добиете многу повеќе!
Хоаким Феникс важи за човек кој не сака да се фотографира со фановите. Но, тоа не е затоа што сака да се однесува како суперѕвезда, туку всушност актерот ужива во разговорите со своите фанови и сака искрено да им го посвети своето време.
„Џокер“ со рекордна заработка од над 93 милиони и покрај критиките дека поттикнува насилство
Текстот Пораснал во секта, а братот му умрел на раце: Семејни трагедии и психички проблеми на популарниот Џокер е превземен од Reporter.mk.