Кралското семејство ќе потроши 150.000 фунти за породувањето на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, пишуваат британските медиуми.
Се очекува американката да се породи во април, а судејќи според активностите, таа одлучила да не го послуша советот на лекарите и да мирува.
Меган со сопругот, принцот Хари, беше во посета на амбасадата на Нов Зеланд во Лондон, од каде им оддаде почест на жртвите од неодамнешниот терористички напад во оваа земја.
Двајцата пристигнаа облечени во црно, а многумина на социјалните мрежи забележаа дека Меган изгледа беспрекорно и покрај тоа што е во поодмината бременост.
Текстот Породувањето на Меган ќе го чини кралското семејство 150.000 фунти е превземен од Reporter.mk.