Посен колач со ореви и јаболка

Потребни состојки:

15 лажици топла вода
10 лажици шеќер
15 лажици
180 гр брашно
3 рендани јаболка
100 гр сечкани ореви
100 гр суво грозје (може мешано со брусница)
2 лажици гриз
1 прашок за пециво
1 лажиче сода
рендана кора од портокал

Шербет:

200 гр шеќер
200 мл вода
1 пакетче ванилин шеќер
сок од изрендан портокал

100 гр сечкани ореви за посипување

Начин на подготовка:

Јаболката исчистете ги и изрендајте ги. Во топлата вода ставете го шеќерот и промешајте да се истопи. Додајте ги и другите состојки и измешајте се убаво да се спои. Нека отстои 15 минути. Тавата за печење обложете ја со хартија, врз неа ставете ги сечканите ореви па смесата. Печете во загреана рерна на 200 степени, потоа намалете ја температурата на 180 и продолжете со печењето. Испечениот колач извадете го од тавата, исечете го на парчиња и вратете ги назад. Подгответе го шербетот, нека вари две-три минути и додека е врел со лажица прелијте го колачот. Почекајте да остине и послужете го.

Текстот Посен колач со ореви и јаболка е превземен од Reporter.mk.