Последна надеж за Германецот, Михаел Шумахер го чека тешка операција

Еден од најдобрите возачи во „Формула 1“ на сите времиња, Михаел Шумахер, повторно ќе мора да оди на операција и овојпат лекарите ќе се обидат да му го покренат нервниот систем, со помош на матични клетки.

„Идејата е да го регенерираме нервниот систем на Шумахер. Во последните 20 години  науката направи сериозен чекор напред во процесот на лечење на матичните клетки, но тоа и понатаму не го менува фактот дека и понатаму сеуште малку знаеме како и на кој начин тие влијаат на човечкиот мозок. Не можеме да кажеме какви резултати ќе донесе ваквата операција“, изјавил францускиот кардиолог Филип Менаш, кој минатата година го лечел Шумахер.

Тој наведува дека и овој пат ќе биде главен во екипата задолжена за третманот со матичните клетки.

Шумахер на 29. декември 2013 година, доживеа тежок пад на главата за време на скијање во Франција и од тогаш неговата здравствена состојба останува мистерија.

Тој целото ова време беше во болница, мускулите му трофирале, пати од остеопороза, повеќето витални функции значително му се ослабени, па единствено лечење преостанува со матичните клетки. Официјални информации засега нема, но јасно е дека сега 51. годишниот Шумахер е во тешка состојба.

 

Текстот Последна надеж за Германецот, Михаел Шумахер го чека тешка операција е превземен од Reporter.mk.