Британскиот принц Хари денеска во шкотската престолнина Единбург учествува на конференција посветена на туризмот, што е едно од неговите последни учества во јавните задолженија на британското кралско семејство.
Војводата и војвотката од Сасекс – принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, во јануари најавија повлекување од нивните должности како членови на кралското семејство и оти повеќе време ќе минуваат во САД со цел да бидат финансиски независни.
Хари и Меган официјално на крајот на март ќе се повлечат од канцелариите во Лондон. Заедно со синот Арчи тие веќе неколку недели се наоѓаат во Канада.
Текстот Последни должности на Хари како член на кралското семејство е превземен од Reporter.mk.