Неодамна јавноста дозна дека Петра Дивац, ќерката на Владе Дивац е посвоена. Сопругата на поранешниот југословенски кошаркар и поранешен играч во НБА јавно во емисијата 150 минути раскажа како ѝ соопштиле на Петра дека тие не им се биолошки мајка и татко.
„Таа само на поинаков начин влезе во нашето семејство. Љубовта е апсолутно иста. Тоа е кога работите на второто дете, а се плашите дали ќе го сакате како првото. Таа имаше три или четири години кога и кажав дека е посвоена. Кај нас дојде една пријателка со бебе, а Петра ме праша дали, јас сум ја добила неа. И реков не. Тогаш ме праша дали ги имам добиено нејзините братчиња Лука и Матеја. И реков да. Ме праша зошто не сум ја добила и неа како нив. И одговорив затоа што не сум ја родила неа. И давав одговори на секое нејзино прашање“, изјавила Снежана во интервјуто.
Петра живее на релација Србија – Америка, а пред неколку години таа има отворено и свој блок во кој пишува за себе си, за школувањето, членовите во семејството. Таа не сака премногу да се експонира во јавноста, а наместо фенси облека и шминки, повеќе ја интересираат моторите. Наместо фотографии од ноќните помини, на социјалните мрежи објавува семејни фотографии.
Неодамна објави и пост во кој напиша дека е вечно благодарна што светот го живее со овие луѓе.
„Секогаш ќе бидам благодарна и горда што ги нарекувам овие луѓе мое семејство. Среќен ден на благодарноста“, напишала Петра.
Текстот Посвоената ќерка на Владе Дивац е вечно благодарна на своето семејство е превземен од Reporter.mk.