Познат актер сексуално ја нападнал Сара Џесика Паркер на снимање

Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, изјавила дека позната филмска ѕвезда сексуално ја злоупотребувал на почетоците на нејзината кариера. Таа изјавила за медиумите дека покренала и тужба против него.

Паркер гостувајќи во радиоемисија не прецизирала за кого станува збор и кога настанот точно се случил, но открила дека многупати во својата кариера доживеала ситуации во кои мажите кон неа се однесувале непримерно.

Паркер вели дека се обидувала да ги оттргне од себе таквите мажи, за да може нормално да продолжи со работата.

„Да бидам искрена, не знам зошто не бев повеќе храбра, ниту дали бев веќе уништена од работите кои ми беа добро познати“, изјавила Сара.

Паркер го пријавила актерот кој ја нападнал на својот агент, затоа што не можела да го издржи нивото на непријатност. Актерката не открила детали за случајот, но во емисијата Fresh Air изјавила дека тешко се носела со околностите, особено затоа што станувало збор за човек кој е на висока позиција и имал авторитет.

„Станува збор за возрасен маж, голема филмска ѕвезда“, истакнала Паркер, а пренесува британски „Индепендент“.

 

 

Текстот Познат актер сексуално ја нападнал Сара Џесика Паркер на снимање е превземен од Reporter.mk.