Познатата фитнес-тренерка Менди Бланк беше пронајдена мртва во кадата во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Ја пронашла домашната помошничка. Менди (42) го освои Светското првенство на Меѓународната федерација за бодибилдинг и фитнес (IFBB) во 1999 година и стана најмладиот натпреварувач на кој тоа му успеа.
Таа подоцна беше успешен тренер кој работи со ѕвезди како Мики Рурк, Мет Леблан, Алекс Родригез, Џаред Лето, Дејв Наваро и Паули Шор.
Со текот на годините, таа се појави на насловните страници на многу списанија како што се „Ајрон“ и „Маскл“.
ТМЗ пишува дека на местото на настанот не се најдени лекови или алкохол, а аутопсијата треба да покаже повеќе детали за нејзината смрт.
Текстот Познатa фитнес-тренерка пронајдена мртва во када е превземен од Reporter.mk.