Елена Ристевска, Панчо ДНК, Дани, Димитар Атанасовски и Јелена Спенџарска на 3 декември ќе ги служат гостите во познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“. Во улога на келнери, но и пејачи ќе бидат Билјана Петровска, Ѓоко Танески, Горан од „Ар-ен-си бенд“, Дојчин и Љупчо Чедомирски. Станува збор за хуманитарен настан на кој 20 проценти од парите од прометот и целиот бакчиш ќе одат во хуманитарни цели, за децата со посебни потреби.
„Се надевме дека ова ќе биде навистина убава вечер, во која познатите не само што ќе пеат, туку, ете, и со тоа што ќе ги служат гостите се дел од нашата хуманитарна акција. Среќни сме што ќе можеме парите да ги донираме во мали групни домови за децата со посебни потреби“, ни рекоа организаторите на хуманитарната акција.
Не е првпат во „Еквилибриум“ да се организира ваква хуманитарна акција. Таму и лани познатите беа келнери за една вечер и собираа донации за децата со посебни потреби.
Текстот Познатите ќе ги служат гостите во ресторан, заработката е за децата со посебни потреби е превземен од Reporter.mk.