На 4 октомври ќе започне фестивалот на забвана музика во Штип „Макфест“. Песните и авторите се веќе познати. Вкупно 32 композиции, познати имиња од македонската забавна сцена, но и нови лица кои ќе се промовираат на естрадата. Традиционално, фестивалот ќе се одржи во големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“ . Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Мартинијан Кириловски, Џокси, Тајфата и Димитар Адоновски, Дани Димитровска, Антонија Гиговска се само дел од позвучните и поискусни имиња на Макфест 2018.
На 25 септември е првата прес конференција во хотелот „Александра палас“ кога традиционално ќе биде извлечен и редоследот за изведувачите на првата фестивалска вечер. Преносот на фестивалот е на првиот канал на МТВ со почеток во 20:30 часот.
Главнта награда е 5.000 илјади евра.
Текстот Познатите пејачи решија да му се вратат на „Макфест“ е превземен од Reporter.mk.