Познатата американска кантавторка и глумица Лејди Гага се најде на насловната страница на последниот број на популарниот американски магазин Variety.
Во интерјвуто што пејачката го даде за магазинот кажа дека сè уште е под импресии од успехот на филмот A Star Is Born, пренесува „Билборд“.
На фотографиите направени за потребите на статијата, Лејди Гага е фотографирана во својот дом во Малибу, пред да биде евакуирана поради огромните смртоносни пожари.
Лејди Гага на снимањето носеле машка кошула која Бредли Купер ѝ ја дал во филмот со што низ фотографии на некој начин ја испреплети реалноста и филмската акција.
Оваа пејачка неколкуте фотографии за Variety ги објави на своите профили на социјалните мрежи, што предизвика општо воодушевување на нејзините фанови кои ѝ делеле многубројни комплименти.
Текстот Пред да ја евакуираат од пожарот, Лејди Гага се сликаше за насловната на „Варајати“ е превземен од Reporter.mk.