Со заедничка фотографија и емотивна порака, поп-пејачката Елена Ристеска се присети на својот татко, кој почина пред две години од рак.
„Пред 2 години на овој ден, ми се смени животот доживотно. Се дели на пред и после тебе. Тој дел ‘пред’ се викаше живот“, напиша Елена покрај фотографијата.
Во интервју за „Репортер“ пред една година Елена откри дека еден од најтешките мигови во животот ѝ бил кога се соочила со болеста на татко ѝ. Тој по една и пол година откако дознале дека е болен, ја изгубил битката со ракот.
„Имам чувство дека тој е тука, така ми е полесно. Станувам свесна дека го нема само кога ќе отидам на неговото вечно почивалиште“, рече тогаш Елена.
И додека беше жив, пејачката знаеше да каже дека татко ѝ ѝ ја дава најголемата поддршка и во животот и во кариерата, заедно со нејзината мајка и сестрата Драгица.
Текстот „Пред две години имав живот“, Елена со порака за починатиот татко е превземен од Reporter.mk.