Српската глумицата Слобода Миќаловиќ, пред да се омажи за актерот Војин Четковиќ, била во долга врска со режисерот Југ Радивојевиќ. Ова неодамна го потврдил Југ во интервју за српските медиуми.
„Ја ценам Слобода неизмерно. Бевме во љубовна врска и мило ми е што нејзината кариера одлично се развива. Јас ги сакам жените, во секоја смисла, особено глумиците бидејќи знам колку е тешка актерската работа, особено кога е мајка. Мојата мајка, жена, сестра, сите се глимци, и често бев во друштво на жени од бранашата, бидејќи немав врема да се дружам со никого освен со нив“, рекол Радивојевиќ за односот со поранешната девојка.
Слобода, која стана популарна со улогите во филмот „Зона Замфирова“ и серијата „Ранетиот орел“, глумеше покрај Моника Белучи во филмот на Емир Кустурица „На млечниот пат“. Таа е во брак со Ќетковиќ од 2008 година. Двојката има две ќерки, Вера и Мила.
Текстот Пред Војин Ќетковиќ, Слобода љубела српски режисер е превземен од Reporter.mk.