20th Century Fox го објави форшпанот за најновиот акцискиот филм „Предатор: Еволуција“. Станува збор за филм со најмногу акција од кој било негов претходник. Критичарите ставаат акцент на хумористичните сцени и дијалози, кои претставуваат вистинско освежување.
Велат дека филмот со секое продолжение тонел подлабоко во својата бесмисленост и досада.Во 2010 година, „Предатор“ го оживеа овој серијал, но убавата слика за филмот кратко траеше, затоа што истиот не мина премногу добро во светските кино сали.
„Предатор еволуција“ ќе покаже дека во оваа франшиза има уште живот. Сцените се снимани во мрачните шуми во Џорџија. Смртоносните вселенски ловци се посилни од кога било претходно. Тие се попаметни и поубиствени. На нивниот пат застануваат банда од непослушни војници и професорка по еволуциска биологија. Главните јунаци ќе се обидат да го спасат човечкиот вид од целосно истребување.
Во „Предатор: Еволуција“, главните улоги ги имаат новите холивудски имиња. На големите кино платна може да ги видиме Ивон Страховски, Оливија Мун, Бојд Холбрук, Стерлинг К. Браун, Џејкоб Тремблеј, Томас Џејн, Џејк Баси, Киган-Мајкл Кеј и Алфи Ален. За жал улогата на Едвард Џејмс Олмос нема да ја видиме затоа што целосно е отстранета од филмот при крајот на постпрудукцијата.
„Предатор: Еволуција“, го режира сценаристот и режисер Шејн Блек. Филмот во кината стигнува на 13 септември во дистрибуција на „Блиц“ филмот.
Текстот „Предатор“ најпопуларниот акционен филм наскоро во кино салите е превземен од Reporter.mk.