Проектот „Мој општинар“ во Општина Кавадарци, функционира веќе 8 месеци, преку 9 одделни реони каде секој реон има свој општинар кој континуирано последните 8 месеци е излезен на терен. Овој прокет има за главна задача лично од граѓаните да ги прими забелешките за проблемите кои може да се решат, а се во надлежност на локалната самоуправа.
Преку проектот „Мој општинар“, Општина Кавадарци ја доближи општината поблиску до граѓаните.
Хортикултурно се озелени над 30000 м2, поставени се 1100 метални столбови за побезбедно движење на пешаците, 20 детски игралишта се реновирани и поставени се детски реквизити на 5 нови локации, поставена е нова урбана опрема во сите реони во Општина Кавадарци, исчистени се над 20 диви депонии, со ангажирање на волонтери отсранети се над 300 бесправно поставени лимени гаражи и на истите локации извршено е хортикултурно уредување, поплочени се повеќе улици и реновирани се неколку објкети во селата на Општина Кавадарци.
Овие изминати 8 месеци сведочат за функционалноста на проектот Мој Општинар које прв ваков прокет во Р. Македонија. Преку проектот Мој Општинар континуирано се одвива акцијата за чисто и убаво Кавадарци.
Изминатите 8 месеци сведочат за функционалноста на Мој општинар, прв ваков проект во Република Македонија.
Gepostet von Митко Јанчев – Градоначалник на Општина Кавадарци am Donnerstag, 19. Juli 2018
Текстот Преку проектот „Мој општинар“, Кавадарци ја доближи општината поблиску до граѓаните е превземен од Reporter.mk.