Ѕвездите и креаторите на серијата на “Пријатели” преговараат со HBO за снимање на повратнички специјал, пишува “Hollywood” репортер.
Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет ЛеБланк, Метју Пери и Дејвид Швимер би требало пред камерите повторно да ја глумат популарната њујоршка шесторка, доколку успеат да се договорат стримиг сервисот HBO Max, пишува “Hollywood Reporter” повикувајќи се на упатени извори.
Сценариото за повратничкиот специјал уште не е напишано, а во преговорите наводно се вклучени и креаторите на серијата “Пријатели”, Дејвид Крејн и Марта Кауфман.
Извори на “Hollywood Reporter” нагласуваат дека договорот е далеку од постигнат, и дека допрва треба да се направат договори со актерите и креаторите на серијата.
!Шпекулациите за новото собирање на “Пријатели” се поттикнати по повеќето заеднички фотографии на актерите од серијата кои се појавиле на социјалните мрежи во последно време, како и со трансферот на серијата од Netflix на новиот стримиг сервис HBO Max, кој би требало да почне со работа во мај следната година.
Компанијата “Warner” наводно платила 425 милиони долари за да го врати правото на петгодишно емитување на “Пријатели” на сопствената платформа HBO Max, пишува “Hollywood Reporter”.
Текстот „Пријатели” повторно заедно во HBO специјал! е превземен од Reporter.mk.