Пријателите и колегите потресени од несреќата на Шабан

Пријатели соработници и колеги од сферата на јавниот живот изразија јавно сочувство до семејството поради прераното загинување на Шабан.

Една од првите која се јави беше пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

„Не знам што да кажам, во шок сум, претажна сум. Џелото семејство сме во шок. Сакаме да изразиме сочувство до семејството Шаулиќ. Мислам дка пејач како што е Шабан треба да почива во „Алејата на великаните“, изјавила Цеца.

Мира Шкориќ во разговор со новинарите не можела да поверува за смртта на кралот на народната музика.

Српскиот пејач Кеба кратко искоментирал дека пред да замине за Германија се видел со него.

„Господе не можам да прифатам дека ова навистина се случило. Шабан беше крал, доктор на музиката. Но, еве сега му дојде крајот. Неговите песни ќе ги пејам до крајот на животот. За мене ти ќе останеш крал. Фала за сите совети, за дружењата. Ми беше чест што те познавав. Ќе бидеш засекогаш во нашите срца. Вечна ти слава и фала за се“, напишал Слободан Васиќ на Инстаграм, а потоа и споделил нивна заедничка фотографија.

„Што да кажам? Првата комшивка стигна кај мене ѝ ми кажа, а потоа се слушнав со Владо Перовиќ и ми потврди. Не можам да верувам. Нека му е лесна земја. Никој не го мразеше. Нема некој за него и неговото семејство да каже еден лош збор. Сите почнувавме со неговата музика, за нас беше како Бог“, изјавила Нада Точагиќ.

„Се уште не можам да дојдам при себе. Лековите кои ги земав не ми помагаат. Хасам ме повика и ми рече дека заминал мојот брат. Вечрва не можев да заспијам, имав лошо претчуство. Како сега ќе живееме сега без Шабан?“, кратко прокоментирала Злата Петровиќ.

„Сеуште сум во шок. Не можам да поверувам што се случило. Ова е навистина страшно“, изјавила текстописецот Марина Туцаковиќ.

„Шабан, почивај во мир. Ми беше чест да познавам и соработувам со човек како тебе. Беше вистински крал. Твојот глас и срце ќе живеат вечно“, изјавила Александра Ковач.

„Многу години минавме дружејќи сè и работејќи заедно. Не можам да верувам дека се случи вакво нешто. Како да го изгубив најомилениот човек во семејството“, изјавил композиторот на Шабан, Раде Вучковиќ.

Пејачката Дара Бубамара е потресена од несреќата. Вели дека пред несреќата се сретнала со Шабан на аеродром.

„Сеуште сум во шок. Не можам да поверувам дека Шабан замина“, изјавила Дара.

И неговиот колега и пријател Саша Матиќ изразил сочувство до семејството. Пејачот вели дека отсекогаш Шабан му бил како идол.

„Тешко ми е да зборувам. Сочувство до семејството“, изјавил Саша Матиќ.

„Сè надевам дека ова не е точно, ова не е прв пат да го погребаат“, изјавила Гоца Божиновска.

„Сите сме во шок. Страшната вест ја дознав од вас новинарите. Со Шабан работев со години ѝ се дружевме. Знам како му е на семејството. Можам само да го изразам моето сочувство“, изјавила пејачката Јана Тодоровиќ.

Со сочувство излезе и пејачот Жељко Самарџиќ, кој изрази жалење и сочувство до семејството.

„Шабан беше навистина посебен и вреден за секоја почит. Потресен сум од губитокот, и сакам да го изразам моето искрено сочувство до семејството“, изјавил Самарџиќ.

„Сакам да го изразам моето најдлабоко сочувство до семејството. Го изгубивме кралот на музиката, а на семејството сакам да им порачам да соберат сила за да ги пребродат овие тешки моменти“, изјавила пејачката  Снежана Џуришиќ.

Пејачката Јелена Јевремовиќ вели дека е потресена од веста за трагичната несреќа на фолк-пејачот. Таа вели дека со него отсекогаш била блиска пријателка со Шабан.

„Шок, преголема тага, просто не можам да поверува. Сакам на семејството да му го изразам моето најискрено сочувство“, изјавила и пејачката Вања Мијатовиќ.