Пријателка на глумицата Амбер Херд го пријавила нејзиниот поранешен партнер Џони Деп во полиција. Глумицата доставила и снимка од пријавата до судот, каде води битка со Деп откако го обвини за семејно насилство.
Полицијата го примила повикот како анонимна дојава. Снимката, која за кратко време се рашири и по социјалните мрежи, а Амбер се надева дека истата ќе ѝ оди во прилог за време на судскиот процес.
Адвокатите на Деп тврдат дека снимката е доказ дека Амбер се обидува да го наместо нивниот клиент. Деп и претходно тврдеше дека Амбер се обидува со лаги и подметнување на неиздржани докази да го обвини за семејно насилство само за да извлече од него повеќе пари.
Амбер во неколку наврати го обвини Деп за нанесување на тешки повреди. Нејзините адвокати сметаат дека таа е во добра позиција, а судот го одобри и нивното барање за Деп да го приложи својот медицински картон за да се утврди и службено дека тој имал проблеми со алкохолот и дрогата.
Адвокатите на Амбер велат дека судот потоа ќе мора да ја процени неговата историја на насилно однесување во врските. Холивудската двојка се разведе по година дена брак и петгодишна врска. Амбер побара да се разведат во мај 2016 година и веднаш потоа добила времена судска заштита од Деп.
Како причина за барањето за развод, глумицата ги навела непоместливите разлики и насилството, кое според неа, кулминирало кога Деп ѝ фрлил мобилен телефон во лицето и скршил неколку работи во нејзиниот стан.
Текстот Пријателка на Амбер го пријавила Џони Деп во полиција е превземен од Reporter.mk.