Соседите каде што живее српската пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ, велат дека двојката постојано се заедно и не се двојат еден од друг.
Велат дека каде и да се појават тие постојано се прегрнати и си разменуваат бакнежиАлександра Пријовиќ во моментов се наоѓа во петтиот месец од бременота, а нејзините соседи во местото Вождовци каде што живее со нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ, постојано ја забележуваат со преполни кеси намирници како пазарува по дуќаните.
Пејачката неодамна објави дека по советот кој го добила од лекарите, ќе се повлече од сцената и ќе мирува. Пријовиќ веќе четири години живее во стан од 100 квадрати во мирниот дел Вождовци. Пред две години, на оваа адреса и се придружи и Филип Живоиновиќ со кого летово стапи во брак. Двајцата чекаат бебе, а комшиите со нетрпение чекаат да стигне пролетта, кога пејачката треба да се породи.
„Ја сретнав Александра и ја прашав кога ќе се породи. Таа се насмеа и ми рече дека сега е во петтиот месец од бременоста, и дека породувањето се очекува да се случи кога ќе огрее сонце, по зимата. Ми рече дека се е во ред и дека супер се чувствува. Таа е истата онаа која беше пред да се досели тука, а сега има причина да биде вообразена. Многу е млада. Со само 23 години постигна некој што го постигнува за цел живот. Ценета е, сакана е, популарна е и богата. На секого може да му се јави и да му подари внимание. Не е вообразена, носи полна кеса намирници самата“, вели продавачката Слаѓана и додала дека Александра и Филип постојано се прегрнати и се бакнуваат.
„Таа постојано го прашува: „Љубов моја, го сакаш ли ова, она, ајде земи, ти тоа го сакаш. А таа сака да јаде некоја виршла самата пече дома и често готви“, открива Слаѓана.
Во зградата има пералница која Пријовиќ постојано ја посетува.
„Мислам дека Александра и Филип многу малку работи перат и пеглаат сами. Тие постојано се во пералната, и ги чекаат многу мирисливи свежи исперени работи да ги земат. Не се напорни ниту пак бараат многу услови. Ништо не им смета. Сега веќе имаме изградено пријателски односи. Ќе ме замолат ако нешто треба итно да се испере или да испеглам некои работи. За Нова година носи и по 20 фустани во кои настапувала. Во последно време е многу галантна и ни дава супер бакшиш“, открива Рада, жената која работи како козметичарка во зградата.
Брена не ги посетува
Единсвено која не сме ја виделе од семејството е Брена, но Зорица, мајката на Филип доаѓа кај нас и ги средува ноктите. Мајката на Александра ја гледаме во минување. Таа е згодна млада жена. Што се однесува до Филип и Александра и двајцата се убаво воспитани и културни луѓе“, вели Рада.
Филип Живоиновиќ и Александра Пријовиќ се венчаа пред 900 поканети гости, за чија организација беше задолжен Слободан Живоиновиќ. Венчавката чинеше 400.000 евра.
Текстот Пријовиќ и Филип разменуваат бакнежи и прегратки на јавна сцена е превземен од Reporter.mk.