Пријовиќ на концертот на Брена на просјак му подари пари за да се прехрани

На српската пејачка Александра Пријовиќ за време на вториот концерт на Лепа Брена кој беше одржан во салата „Арена“, непознат просјак и побара малку пари за да може да се прехрани.

Пејачката која беше во друштво на нејзиниот свекор Боба Живоиновиќ, сопругот Филип Живоиновиќ и нејзините мајка, баба, дедо и татко го украде вниманието откако на непознатиот човек му подари 4000 динари, односно повеќе од 30 евра.

Ова е втор пат како пејачката се наоѓа во хумана акција. Претходно на првиот концерт на Брена, Пријовиќ притрчала да ѝ помогне на девојка што се онесвестила. На девојката што стоела близу бината ѝ се слошило, па откако пејачката видела дека другарките пробиваат да ја освестат, притрчала и ѝ однела вода да се освежи.

 

Текстот Пријовиќ на концертот на Брена на просјак му подари пари за да се прехрани е превземен од Reporter.mk.