Српските медиуми пишуваат дека пејачката Александра Пријовиќ доживеала помала повреда додека со сопругот Филип Живојиновиќ летувале во Црна Гора. Таа се лизнала додека била на јахта и се исекла на држачот од скалите, а заради длабоката рана, Филип ја однел во болница.
„Александра и Филип изнајмија јахта за да може да крстарат додека се во Црна Гора. Таа тргнала внатре да земе крема за сончање, но во еден момент се лизнала и се исекла на остар лимен дел. Ги повредила десната нога и десното стапало. Филип со својата маица ѝ ја врзал ногата, оти пресекла крвен сад, и веднаш ја одвел во болница“, изјавил пријател близок до двојката за српски „Ало“.
Александра била пренесена во приватна болница во Будва, каде што ѝ ја сошиле раната на ногата. Раната на стапалото, пак, не била длабока, па лекарите само ја преврзале, додал истиот извор.
Текстот Пријовиќ повредена на одморот, Филип ја однел во болница е превземен од Reporter.mk.