Поради епидемијата со коронавирусот, внуката на кралицата Елизабета Втора, принцезата Беатрис (31) ја одложи својата венчавка со својот вереник мултимилионерот Едоардо Мапели Моци (34) која требаше да се одржи на 29 мај, пренесуваат медиумите. Поради вирусот и принцот Филип ја одложи прославата за својот 99. роденден.
Критичната состојба во северна Италија, која предизвика многу држави да ги затворат своите граници за државјаните од овие региони, може да го отежне доаѓањето на семејството на младоженецот кое потекнува од овој крај, на важниот настан во Велика Британија.
„Иако сè уште не се знае дали Италија ќе биде во изолација до крајот на мај, принцезата и нејзиниот свршеник се загрижени за целата ситуација“, рече близок пријател на двојката.
Тој додаде дека биле откажани и други кралски настани, како што е прославата на 99. роденден на принцот Филип.
Текстот Принцезата Беатрис ја одложи свадбата, а принцот Филип прославата на 99. роденден е превземен од Reporter.mk.