Принцезата Евгенија ќе ја има најскапата кралска свадба

Принцезата Евгенија ќе ја има најскапата венчавка во кралското британско семејство. Се проценува дека за кралската забава ќе бидат потрошени околу 2 милиони фунти, пренесуваат британските медиуми.

По венчавката на принцот Хари (33) и војвотката Меган Маркл (37), во мај годинава, во кралското семејство следи уште една венчавка. Станува збор за внуката на кралицата Елизабета, принцезата Евгенија (28), братучетка на принцевите Вилијам и Хари, која е деветта по ред за британската круна.

Во тек се последните подготовки за венчавката, а даночните обврзници веќе се побунија поради големите трошоци. Британскиот народ, на чиј грб ќе падне сметката, смета дека нема потреба за голем раскош затоа што не станува збор за венчавка на еден од првите членови на монархијата, пишува „Дејли мејл“.

Дел од трошоците, покрај даночните обврзници, ќе покријат и нејзините родители, принцот Ендрју (58) и Сара Фергусон (58).

На венчавката ќе присуствуваат голем број селебрити личности. На листата на гости ќе се најдат Дејвид Бекам (43), Викторија Бекам (44), пејачката Ели Голдинг (31), манекенката Кејт Мос (44) и Кара Делвињ (26), актерот Џорџ Клуни (57) и неговата сопруга Амал (40), но и поранешната девојка на Хари, Кресида Бонас (29).

 

 

Текстот Принцезата Евгенија ќе ја има најскапата кралска свадба е превземен од Reporter.mk.