Ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, Шарлот денеска полни четири години. За таа пригода Кејт ја фотографираше својата ќерка, а сликите ги објавија на социјалните мрежи.
Малата Лоти, како што ја нарекуваат блиските членови од кралското семејство, на сликите е облечена во ретро стил, со машна на главата.
Кејт вели дека роденденот ќе го прослават во кругот на семејството и пријателите. Таа додава дека нејзината ќерка обожава да танцува и дека покрај тоа што оди во градинка, редовно посетува и часови по балет.
Текстот Принцезата Шарлот денес наполни четири години е превземен од Reporter.mk.