Принцот Чарлс наследникот на британската кралска круна, според книгата „Prince of Wales, Rebel Prince: The Power, Passion and Defiance of Prince Charles“, чиј автор е Том Бовер, се чувствува загрозен од семејството на сопругата на Вилијам и дека е изолиран од страна на нивните деца Џорџ и Шарлот.
„Чарлс ги гледа Кејт и Вилијам како нови ѕвезди и се плаши дека е во невоља“, наведува Бовер.
Љубоморен беше во бракот со покојната принцеза Дајана. Кога во 1981 година се венчаа таа многу брзо ги освои симпатиите од луѓето и се прилагоди на кралскиот протоколоарен живот.
„Дијана се претвори во многу елегантна, привлечна и допадлива млада дама“, изјавила лејди Елизабет Ансон, една од роднините на кралското семејство за магазинот People.
Кога еднаш биле во посета на Велс, нејзинот сопруг Чарлс изјавил:
„Дојдовте да ја видите мојата жена или мене?“.
Таа љубомора продолжила и по венчавањето на неговиот син Вилијам. Освен тоа, на принцот Чарлс му смета што војвотката Кејт Мидлтон Божиќ го минува кај своето семејство, а не со членовите на кралското семејство. Таа и Вилијам своето семејство го смести многу километри подалеку од резиденцијата на Чарлс, со цел да имаат приватност.
Текстот Принцот Чарлс се плаши од Кејт и Вилијам е превземен од Reporter.mk.