Откако минатиот месец принцот Чарлс беше гостин на снимањето на најновиот филм за тајниот агент „Џејмс Бонд“, сега сака да се глуми себеси во филмот. Британскиот престолонаследник се забавувал во друштво на Даниел Крег, кој му раскажувал анегдоти од снимањето, пишува магазинот „Пипл“. Според извор близок до кралското семејство, Чарлс сериозно размислува да се појави во неколку сцени и да се глуми себеси.
„Ако принцот Чарлс се појави во филмот, тоа ќе го подобри имиџот на новиот Бонд. Уште пред да почне да се снима, филмот се соочуваше со проблеми – првиот режисер се откажа, Даниел ја повреди ногата, се случи експлозија на снимањето во Јамајка“, велат од пиар-службата на „Бонд“.
Пред почетокот на снимањето на филмот, медиумите пишуваа дека продуцентите на „Бонд“ сакаат да ја ангажираат Меган Маркл да глуми Бонд-девојка, но таа ја одбила понудата. За разлика од неа, кралицата Елизабета се глумеше себеси покрај Даниел Крег како Џејмс Бонд, во видеата снимени за отворањето на Олимпијадата во 2012 година што се одржа во Лондон.
Текстот Принцот Чарлс во новиот „Џејмс Бонд“ е превземен од Reporter.mk.