Иако никогаш не потврдил, принцот Чарлс пред Дајана и Камила имал многу авантури и љубовни афери, пишуваат британските медиуми.
Една од поинтересните љубовни врски на членот на најпознатото кралско семејство е онаа со актерката Барбара Стрејсенд.
Детали за нивната врска биле објавени во 2016 година во книгата на авторот Кристофер Андерсон.
Авторот открива дека во младоста, принцот Чарлс бил лудо заљубен во Барбата и ја посетувал и на нејзините снимања.
Наводно, контактите момеѓу двајцата продолжиле и додека Чарлс бил во брак со Дајана, но ова никогаш официјално не било потврдено.
Текстот Принцот Чарлс во врска со Барбара Стрејсенд е превземен од Reporter.mk.