Принцот Џорџ денес го слави петтиот родеден, а кралското семејство се заблагодари на честитките кои пристигнуваат од сите делови од светот.
За разлика од својата сестра, прнцезата Шарлот (3), која и покрај малкуте години кои ги има веќе предизвикува скандали, принцот Џорџ го почитува протоколот и ги следи правилата на однесување.
Иако по дедото Чарлс (69) и таткото Вилијам (35), Џорџ е третиот по ред за кралскиот престол, срамежливиот принц веќе се подготвува за улогата на крал.
Редовно ги облекува кошулите преку кои носи џемпер.
Принцот оди во школото Томас Батерс каде децата, меѓу останатото учат и филозофија, италијански, мечување, голф.
По минатогодишниот службен портрет, Британците утврдилде дека од мали нозе, принцот потсетува на Ерл Спенсер, братот на својата покојна баба принцезата Дајана.
Џорџ веќе ја доби и улогата во цртан. Откако принцот Влијам раскажал како неговиот син ужива гледајќи го „Пожарникарот Сем“, продуцентите одлучиле триесетгодишнината од емитувањата на тој цртан да го посветат токму на Џорџ.
Prince George will this morning attend his first day of school at Thomas’s Battersea, accompanied by his father The Duke of Cambridge. pic.twitter.com/1vKA1JvAyI
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) September 7, 2017
Текстот Принцот Џорџ денес полни пет години е превземен од Reporter.mk.