Принцот Филип нема да се појави со сопругата, кралицата Елизабета II, на традиционалната црковна служба, која се одржува на католички Божик.
Официјално лице од Бакингемската палата, кој е запознат со случајот, вели дека принцот Филип е во одлична здравствена состојба, но дека сака да биде сам во текот на целиот ден.
BREAKING: Prince Philip to miss Sandringham Church Service https://t.co/3hyTFLbCu4 pic.twitter.com/TCZZXFJmrp
— Royal Central (@RoyalCentral) December 25, 2018
„Војводата е во одлична здравствена состојба. Само одлучил сам да го мине денот“, вели неименуван извор за „Ројтерс“. Принцот Филип е во брак со кралицата Елизабета од 1947 година и има 97 години.
Текстот Принцот Филип ја откачи кралицата Елизабета за божикната служба е превземен од Reporter.mk.