Војводата од Единбург, принцот Филип, денеска полни 98 години. Сопругот на кралицата Елизабета роденденот ќе го прослави со најблиските членови на семејството, пишуваат британските медиуми.
Принцот Филип официјално се повлече од јавниот живот пред неколку месеци, откако предизвика сообраќајна незгода. Тој и понатаму повремено се појавува со кралицата на официјални настани, но минатата недела не учествуваше во настаните поврзани со посетата на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Текстот Принцот Филип наполни 98 години е превземен од Reporter.mk.