Војвотката од Сасекс, Меган Маркл денеска во раните утрински часови се породи и на свет донесе здраво машко дете. Веста за пристигнувањето на новиот принц ја потврдиле и од кралското семејство на социјалните мрежи.
Војвотката Меган Маркл добила контракции во текот на денот, потврди Бакингемската палата, јави Би-би-си.
Момчето тежи 3200 грама. И принцот Хари ја потврди веста дека станал татко, со емотивна изјава во замокот Виндзор. Хари истакнал дека и двајцата се возбудени и ѝ се заблагодари на јавноста за поддршката што им ја давале во текот на бременоста.
Ова е прво дете на кралската двојка Хари и Меган и ќе биде седмо во линијата за наследник на тронот на Велика Британија. Детето на Меган и Хари е осмиот правнук на кралцата Еизабета и принцот Филип.
Текстот Принцот Хари и Меган Маркл добија син е превземен од Reporter.mk.