Неколку месеци по раѓањето на своето прво дете, синот Арчи, војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, прават планови за својата следна голема кралска турнеја.
Британските медиуми пишуваат дека Хари и Меган за неколку месеци планираат да ја посетат Африка. Во турнејата планирани се посети на Ангола, Малави и Јужноафриканската Република, каде ќе продолжат со хуманитарната работа која ја започна принцезата Дајана. Дајана ја обожавала Африка и голем дел од времето го минала таму.
За време на посетата на Малави, кралската двојка планира да работи на проширување на хуманитарната организација на Хари, „Сентебале“, која во 2006 година ја основа со принцот од Лесото. Организацијата се занимава со давање помош на млади заболени од сида и ХИВ вирусот во Лесото, Боцвана и Малави.
Нејзиното име во превод значи „Не ме заборавај“. Двојката ќе ја посети и Ангола, место каде принцезата Дајана се шетала низ активното минско поле. Овој настан многумина го паметат, а познат е и по славната фотографија на која принцезата носи заштитен уред и визир.
Планирано е оваа година принцот Хари да го направи истото, а засега е непознато дали за време на опасната прошетка низ минското поле, ќе го придружува неговата сопруга Меган.
Исто така тајна останува и дали малиот Арчи ќе патува со неговите родители во Африка, со оглед на тоа што нема да има ниту шест мсеци, кога кралската двојка ќе ја започне својата турнеја.
Текстот Принцот Хари и Меган на турнеја во Африка е превземен од Reporter.mk.