Принцот Хари е разочаран од како што вели бескурполозната пропаганда која се води против неговата сопруга Меган Маркл. Хари смета дека станува збор за линч на медиумите против Меган и тие сакаат да создадат слика во јавноста дека луѓето не ја сакаат.
„Она низ кое миуваше мојата мајка принцезата Дајана, сега го доживува Меган. Некои медиуми и моќни структури сакаат да создадат слика во јавноста дека луѓето не ја сакаат.“, напишал принцот Хари во соопштението до јавноста, заради тужбата на Меган против британски медиум.
Адвокатската фирма Шилинг, која ги застапува Меган Маркл и принцот Хари, веќе поднела тужа против таблоидот Мејл он сандеј“, неделно издание на „Дејли мејл“, кој објавил нејзини приватни писма без дозвола.
На официјалната веб-страница на кралската двојка принцот Хари (34) објави долга изјава, во која вели дека неговата сопруга станала една од жртвите на британските таблоиди и дека тоа било многу болно за нивното семејство. Весникот „Мејл он сандеј“, објави дека енергично ќе се брани од тужбата.
Весникот „Мејл“ веќе неколку пати во минатото ги објавил приказните на таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, кој ја претставил ќерка му во негативен контекст. Весникот ги користел информациите и фотографиите за да ги објави семејните тајни и проблематичниот однос на Томас со ќерка му Меган.
Кралското семејство планира парите кои ќе ги добие во судскиот спор да ги инвестира во кампања против насилството на интернет.
Текстот Принцот Хари: Ја изгубив мајка ми, а сега гледам како ми ја малтретираат сопругата е превземен од Reporter.mk.