Британскиот принц Хари ги изненади сите членови од кралското семејство, пријатели и фанови затоа што ја вчера тој ја оставил сама неговата сопруга Меган и тоа на денот кога било планирано породувањето.
Принцот на големо изненадување на сите, се појавил на Лондонскиот маратон. Породувањето на првото дете на војводата и војвотката од Сасекс, се очекува да се случи секој момент, но сепак тоа не го спречило Хари да се појави на најголемата британска трка, пишуваат британските медиуми.
Хари на трката која би можела да биде неговиот последен јавен настап пред да стане татко, пристигнал среќен и бил опуштен. Принцот бил постојано насмеан додека се поздравувал и позирал пред објективите на голем број фоторепортери. На маратонот учествувале преку 40.000 спортисти.
Текстот Принцот Хари ја оставил Меган сама на денот за породување е превземен од Reporter.mk.