Принцот Хари копија на неговиот дедо

На, социјалните мрежи во Британија се појави фотографија од дедото на принцот Хари, кој како млад многу наликува на сегашниот принц. На фотографијата може да се забележи колку Хари личи на својот дедо и по цртите на лицето, брадата, но и по косата, пренесува dailytelegraph.com.au.

Блиски луѓе до кралското семејство велат дека со оваа фотографија  засекогаш ќе се згаснат оние кои ги ширеа гласините и негираа дека вистинскиот татко на Хари е принцот Чарлс.

Често во британските медиуми, особено во последните неколку години, кружеа разни приказни и теории за британскиот принц Хари. Во нив се зборувало за се и сешто. Од тоа дека принцот Чарлс можеби и не е неговиот вистински татко.

Во поголемиот дел од неговиот живот, младиот принц го следеле гласини дека неговиот биолошки татко всушност е Џејмс Хјуит, инструкторот по јавање на принцезата Дајана.

Принцезата со Хјуит имала петгодишна афера, па тоа дополнително ги загреало приказните дека принцот Хари всушност не припаѓа на кралското семејство.

Тоа што многумина го истакнале како непобитен доказ, е дека Хари има портокалова коса, исто како и поранешниот љубовник на принцезата Дајана.

 

 

Текстот Принцот Хари копија на неговиот дедо е превземен од Reporter.mk.