Принцот Хари ја помина својата баба, кралицата Елизабета II и се најде на првото место на листата на најпопуларни членови на кралското семејство, пренесува Vanity Fair.
Според резултатите од анкетата на YouGova во која учествувале 3600 Британци, дури 77% од испитаниите го одбрале Хари за најсимпатичен, додека кралицата падна на второто место со 74% од гласовите на испитанците.
Кралицата првото место на листата на популарност го држела се до оваа година. Во истражувањето, само еден процент од испитаниците имале негативно мислење за Хари, додека 13 проценти од нив биле неутрални.
За овие одлични резултати на принцот Хари, најзаслужна е турнејата по Јужниот Пацифик, која се поклопила со брачното патување со Меган Маркл.
„Војводата и војвотката од Сасекс се радуваа на можноста да ги запознаат единствените обичаи и култури и да се запознаат со што е многу повеќе жители. Заедно се надевале дека ќе изгадат трајно пријателство со народите од тој дел на светот“, стоело во испратеното соопштение од дворецот до јавноста.
Принцот Вилијам (36) се наоѓа на третото место по популарност, со вкупно 73% од гласовите.
Иако се очекувало дека Меган Маркл ќе биде на врвот на оваа листа, сепак нејзината јатрва го завземала нејзиното место и се наоѓа на четвртото место со 64% од гласовите. Пред Меган се наоѓаат и принцот Филип (97) со 56% од гласовите. Новопечената членка на кралското семејство се смести на шестото место според резултатите спроведени од анкетата, добивајќи само 55% од гласовите.
Од Меган повеќе популарен е и принцот Чарлс со 48% од гласовите и неговата сопруга Камила, која добила само 29% од гласовите. Најомразениот член на кралското семејство е принцот Ендрју, кој оваа титула ја има веќе со години.
Текстот Принцот Хари најпопуларен во кралското семејство е превземен од Reporter.mk.