Војводата од Сасекс Хари, во својот говор на јавен настап во Мајами откри во јавноста дека во последните три години оди на терапија, која му помага полесно да се носи со траумата поради губењето на мајка му, пишува „Сан“.
Поранешниот принц и неговата сопруга Меган Маркл, беа во посета на Мајами, на самит за алтернативни инвестиции. Тоа е нивно прво појавување во јавноста, откако го напуштија кралското семејство.
Хари пред присутните раскажа дека посетува експерти кои му помагаат да ја преброди трагедијата, односно автомобилската несреќа во која принцезата Дајана во 1997 година го изгуби животот.
Освен тоа, принцот се осврна и на скандалот „Мегзит“ и изјави дека тој и Меган, не сакааат синот Арчи да го доживее тоа што тој го доживеал кога бил мал.
„Хари призна дека на двајцата им беше многу тешко за ваквата одлука, но дека не жали поради отстапувањето од должноста, затоа што сака да го заштити своето семејство“, открил извор близок до поранешната кралска двојка.
По одлуката за „Мегзит“, Хари изјавил дека немале некој избор. Иако повеќе не живеат во Велика Британија, принцот често истакнвуа дека островот секогаш ќе биде неговиот дом и место кое го обожава.
Текстот Принцот Хари оди на терапија поради смртта на мајка му Дајана е превземен од Reporter.mk.