Принцот Хари за време на музичкиот фестивал Royal Variety Performance на својата сопруга Меган Маркл и откри дека порано и тој бил дел од бендот Take Тhat, заедно со Гери Барлоу, Марк Овен, Хауард Доналд, пишува „Мирор“.
Во песната Sing која ја напишале Гери и Лојд Вебер, принцот Хари свирел тамбурина. Во првите секунди од спотот дури и се појави неговиот татко принцот Чарлс.
Иако веќе прославија шест месеци брак, војвотката Меган Маркл и понатаму дознава работи кои не ги знаела за принцот Хари. Членовите на бендот и раскажале на Меган како Хари стигнал до нив и како тие се запознале.
„Беше во една од нашите песни“, ѝ рекол Гери на Меган која на почетокот не поверувала, се додека принцот Хари не и потврдил.
„О господе, секој ден учам нешто ново“, изјавила Меган.
Покрај бендот Take That, кралската двојка на музичкиот фестивал Royal Variety Performance во Лондон се запозна и со останатите изведувачи.
На програмата, која ја водел Грег Дејвис, настапиле и Џорџ Езра, Клин Бандит, Матео Боцели и други.
Текстот Принцот Хари во минатото настапувал во бенд е превземен од Reporter.mk.