Принцот Вилијам е со кисела насмевка на семејната фотографија на кралското семејство направена на крштевката на синот на принцот Хари и војвотката Меган Маркл, принцот Арчи, пишуваат британските таблоиди.
Фотографијата се најде и на социјалните мрежи, а многумина во своите коментари го забележаа киселиот израз на принцот Вилијам и лажната насмевка на војвотката Кејт Мидлтон.
„На Вилијам дефинитивно не му е драго што е таму“, коментирале обожавателите на кралското семејство на „Твитер“.
Вилијам и Кејт станаа топ-тема на „Твитер“, а многумина ги поврзуваат со наводниот лош однос со Хари и Меган. Фановите коментирале дека Вилијам изгледал како да е налутен, а Меган имала лажна насмевка додека позирале со останатите членови од кралското семејство.
Со месеци се зборува во јавноста дека двајцата браќа Вилијам и Хари се во катастрофални односи, а трачевите добија нова димензија кога помладиот брак со сопругата Меган се преселил од заедничката палата и ја прекинаа соработката со Вилијам и Кејт на хуманитарните проекти.
Принцот Арчи во саботата беше крстен на тајна церемонија во дворецот Виндзор. Двомесечното бебе носеше рачно изработена кралска облека за крштевање, изработена од кројачката Ангели Кели. Церемонијата на крштевката ја водел надбискупот од Кантербери.
Текстот Принцот Вилијам со кисела, а Кејт Мидлтон со лажна насмевка на крштевката на Арчи е превземен од Reporter.mk.