Нетфликс го потврди она што беше најавено, а тоа е дека пристигнува музички документарец за Бијонсе, а на филмот работела токму поп дивата.
Популарниот стриминг сервис најавил дека документарецот “Homecoming”, ќе може да се погледне на Нетфликс од 17-ти април.
Од трејлерот може да се види дека фокус на филмот е големиот концерт на Бијонсе на Коачела, што воедно било и прв пат една темнокожа жена да биде главна ѕвезда на големиот фестивал.
За реакцијата на воодушевените фанови доволно е да се погледнат само исечоците од филмот, но за споменатиот концерт на Коачела, пејачката добила пофалби и од некои од највлијателните критичари.
Текстот Пристигнува првиот филм за Бијонсе е превземен од Reporter.mk.