Автомобилот од брендот „Астон Мартин ДБ5“, кој беше користен за време на снимањето на филмовите на Џејмс Бонд во времето на шеесетите години од минатиот век, е продаден на аукција за 6,4 милиони долари.
Возилото кое го возеше актерот Шон Конери, беше продадено од познатата аукциска куќа Sotheby’s во Калифорнија. Со автомобилот новиот сопственик ќе добие и дополнителна опрема, слична на онаа која се користеше за време на снимањето на филмот.
Покрај климата, команди на воланот и грејните седишта, новиот сопственик ќе може да ги промени регистерските таблици за време на возењето. Ќе има непробојно стакло и таканаречен бушач на гуми.
Иако во филмот ги Бонд немаше телефон, во новиот автомобил во вратата покрај возачот, ќе има и телефон, а под возачкото седиште ќе има скриен оддел каде може да се чува различно оружје.
„Астон Мартин“ автомобилот покрај тоа што остави историски впечаток во автомобилската, ја одбележа и филмската индустрија. „Астон Мартин ДБ5“, беше дел од голем број на холивудски филмови.
Беше користен за потребите на снимањето на „Годфингер“, каде беа направени два примероци. Еден беше наменет за каскадерско возење. За сцената од бркотницата ова возило морало да биде лесно и брзо.
Вториот автомобил го користеле за снимање на интериерот. Биле правени крупни кадри, а возилото било опремено со гаџети. Овој автомобил досега има променето тројца сопственици.
Текстот Продаден автомобилот на Џејмс Бонд за 6,4 милиони долари е превземен од Reporter.mk.