Дејвид Бекам во јануари доби зелено светло за основање на новиот клуб во најсилната американска фудбалска лига МЛС. Бекам доби дозвола по четиригодишна борба. Клубот кој сеуште нема име, би можел да игра во Мајами. Првите мечеви се очекуваат да се случат во 2020 година.
Сепак, иднината на овој проект во најмала рака е ставена под знак прашалник. Како најголема пречка за Бекам и групата инвеститори кои ги собрал за изградба на стадиони се проблемите и отпорот кој го даваат граѓаните. Бекам и неговите луѓе одбрале пет локации за изградба на стадионите, но секоја од нив поради различни причини наидува на проблеми или отпор.
Во моментите на добивање на зеленото светло за основање на клубот како локација фигурирало местото Овертаун. Сепак тој проект во меѓувреме е напуштен, иако Бекам и неговите партнери таму веќе ја купиле земјата. Покрај отпорот од локалните жители, градежниот магнат Јорге Мас, еден од најголемите инвеститори, сакал поатрактивна и поголема локација за новиот спортски комплекс.
Бекам и партнерите пронашле локација на голфските терени Мелресе. Но и таму наишле на отпор. Се работи за јавно земјиште со еден јавен голфски терен, внатре во градот Мајами, на кој илјадници деца минуваат низ школата на голф. Најчесто се запишуваат бесплатно. Покрената е петиција против изградбата и веќе се собрани 20.000 потписи.
This is for you #Miami!!! Let’s make dreams happen. #ThisIsMiamiFreedomPark #ThisIsMiami @futbolmiamimls pic.twitter.com/0Q5Q91DIaK
— Jorge Mas (@Jorge__Mas) July 8, 2018
Инвеститорите на Бекам ветиле дека голем спортски комплекс, кој освен стадиони, би содржел и деловни простори, парк и неколку фудбалски терени отворени за јавноста. Комплексот, според нивните најави, би отворил 11.000 работни места и што е исклучително важно во овој случај, во целост би бил финансиран од приватен капитал.
Граѓаните на Мајами веќе еднаш се изгореа со изградбата на стадионот. Новиот стадион за безбол, бил отворен во 2012 година, а даночните обврзници ќе заштедат 2,5 милијарди долари кога и последната рата од кредитот ќе дојде за наплата.
Бидејќи станува збор за јавно земјиште, граѓаните на референдум во ноември ќе се произнесат дали сакаат на тоа место да се гради новиот стадион. Ако Бекам и групата инвеститори добијат зелено светло, ќе бидат под голем притисок со времето, ако сакаат клубот да почне да игра во МЛС лигата од 2020 година. Едно е сигуно, амбициозниот план на Бекам нема да се оствари без нови проблеми.
Текстот Проектот за стадион на Дејвид Бекам осуден на пропаст е превземен од Reporter.mk.