Професор по математика е новиот најсеки глумец во Турција

Младиот турски актер Акин Акинозу, кој го игра главниот лик во хит-серијата Hercai (Виола)  е на врвот на листата кога станува збор за најпосакуваните мажи во Турција. Јавноста, особено женскиот дел од публиката, беше изненадена кога во март на ТВ-екраните се појави атрактивниот актер, кој со својот изглед, но и глумата, фрли во сенка голем број популарни актери во Турција.

 

Акин, кој е на почетокот на својата актерска кариера, со улогата на Миран-ага покажа дека е одличен актер. Интересно за него е што тој е професор по математика, а заврши на престижниот американски универзитет „Беркли“.

„За мене, проучувањето на математиката е како проучување на универзалниот јазик. Јас го избрав ‘Беркли’ и брзо сфатив дека добро ми оди. Но, потоа решив да се занимавам со глума затоа што сум заинтересиран за односите и емоции што владеат со луѓето, но и проблемите меѓу нив“, изјави Акин во интервју за „Космополитен“.

Тој последниве неколку месеци е особено популарен. Дамите во Турција сметаат дека Акин наскоро ќе стане “Број 1  и дека ќе го земе местото на Бали Бег, кој веќе неколку години е на врвот“, пренесоа турските медиуми.

Акин излезе на насловната страна на турското издание на магазинот „Ескавјер“. Во мометов го отслужува воениот рок во Анкара, од 21 ден и доплата од 5 илјади евра, заради тоа што од септември мора да се врати на снимањето на втората сезона од серијата.

 

Серијата Hercai (Виола) е на врвот според гледаност, но и според рејтингот во Турција. Адаптирана е според истоимената  книга. Приказната за невозможната љубов која се раѓа од одмазда ги освои срцата на гледачите. Првата сезона се прикажа во Турција, а од септември актерската екипа се спрема за втората сезона. Секоја епизода има милионски прегледи.

 

 

Текстот Професор по математика е новиот најсеки глумец во Турција е превземен од Reporter.mk.