Некогашната поп- пејачка Мартина Димовска во 2015 година, се омажи за бизнисменот Антонио Парапулов, кој беше повозрасен од неа. Семејството се противеше на оваа нејзина одлука, но работите се сменија откако таа ја роди ќерката Антонија.
Кон крајот на септември нејзиниот сопруг беше еден од починатите во возилото „Сеат алтеа“, кое беше изрешетано со истрели од автоматско оружје, на улицата “Рузвелотова“ во Скопје. Мартина, месец ипол по трагичната загуба, се уште во тага, сподели статус на социјалните мрежи.
„Токи мој.Месец дена помина откако проклетите душмани те земаа. Ми фалиш душичке, ми фалиш Муцееее. Антониа те бара, срцево те бара! Знам дека не гледаш и не чуваш од горе ми даваш сила да се борам како лавица! Тој што ни ја нанесе болката му посакувам истово да го доживее. Те сакаме“ – напишала Мартина.
Сличен ваков статус таа напиша и дента по неговата смрт, на својот Фејсбук профил, кога се уште беше под шок, и откако дознала за смртта на својот сопруг.
„Душо моја. Господ нека ти ги отвори рајските порти. Господ ни даде 6 години љубов и едно мало ќеркиче. Ветувам дека ќе живеам за нејзе, а јас и ти ќе се сретнеме некогаш и негде…. ТЕ САКАМ“ – напиша таа ден по смртта на својот сопруг.
Таков е и нејзиниот последен статус, еден месец по убиството на сопругот
Текстот „Проклетите душмани те земаа“, пејачката Мартина неутешна по убиството на сопругот е превземен од Reporter.mk.