Манекенката и актерката Ким Портер, која се гледаше со Шон „Диди“ Комбс од 1994 до 2007, била пронајдена мртва, пренесува „E!News“.
Четириесет и седумгодишната Портер заедно со Диди имаа три деца: единаесетгодишните близначки Д’Лила Стар и Џеси Џејмс и 20-годишниот Кристијан. Диди исто така и помогна на Портер да го одгледа синот од нејзината претходна врска, 27-годишниот Квинзи.
Анонимен извор тврди дека Портер имала „симптоми на грип и можна пневмонија“ неколку недели.
Иако Диди и Портер ја завршија нивната љубовна врска, тие останаа добри пријатели. Тие си посакуваа и среќен роденден на социјалните мрежи.
Текстот Пронајдена мртва манекенката Ким Портер која со Пи Диди имаа три деца е превземен од Reporter.mk.